Димитријевиќ: Картелскиот скандал со пет тони дрога води директно до власта

by vlatko 13:42
13:42

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ, на денешната прес-конференција нагласи дека одговорноста за картелскиот скандал со 5 тони дрога која од Македонија завршила во Србија води директно до врвот на власта. Затоа, според него, цела недела нема информации, а а јавноста е сведок на организирана владина медиумска кампања за дефокус.

Димитријевиќ посочи дека цела недела нема одговор на клучното прашање, како толкава количина дрога поминала преку македонската граница и кој ќе одговара за тоа.

-Нема приведени, нема осомничени. Има само дефокус. Од јавно објавените фотографии може да се види дека запленетата дрога во Србија била пакувана во големи картонски кутии со димензии 60 на 40 сантиметри, со по 4 до 5 килограми марихуана во најлонски кеси. Тоа значи многу пратки, и многу возила, камиони. Пет, десет, можеби и повеќе шлепери или камиони требало да ја поминат границата – рече тој.

Притоа, Димитријевиќ истакна дека и за последните акции за запленет, одговорноста е кај власта.

-МВР молчи за тоа како 5 тони преминале преку македонската граница ама објавува дека заплениле 40 тони канабис во земјава. Ако навистина се запленети 40 тони нелегално произведен и складиран канабис во Македонија, тогаш повторно одговорноста е кај власта и кај никој друг – рече тој.

Слични вести