„Целосната имплементација на новиот систем за влез/излез (EES) на Европската Унија е одложена поради можноста во текот на летото на границите да се создаде хаос“ – потврди Европската комисија.
Имплементацијта на системот EES, беше одложуван неколку пати, а новите гранични контроли беа лансирани во октомври 2025 година, и постепено се воведуваат во пристаништата и аеродромите. Контролите веќе се соочија со почетни проблеми, предизвикувајќи значителни доцнења за патниците, особено на граничните премини, се наведува во извештајот.
Системот требаше да биде целосно оперативен на границите на ЕУ во април 2026 година. Сега рок е поместен до септември годинава.
Прагот за евидентирање на пристигнувањата на државјани од трети земји беше поставен на само 10 проценти. Од 9 јануари, тој процент беше зголемен на 35 проценти.
Извештај објавен на крајот од минатата година од страна на Меѓународниот совет на аеродроми на Европа (ACI Europe) покажа дека постепеното воведување на биометрискиот систем доведе до зголемување на времето на чекање на аеродромите до 70 проценти, понекогаш и до три часа.