Советот на Европа конечно го затвори пост-мониторинг дијалогот со Македонија

by irena 13:56
13:56

Парламентарното собрание на Советот на Европа ја изгласа Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Република Северна Македонија.

Во текстот на Резолцијата се наведува дека Парламентарното собрание го признава одржливиот напредок на Северна Македонија во демократијата, владеењето на правото, заштитата на човековите права и соработката со телата на Советот на Европа и ја признава политичката посветеност на властите за исполнување на обврските преземени при отворањето на постмониторинг дијалогот во 2000 година.

Врз основа на ова, Собранието одлучи да го затвори постмониторинг дијалогот со Северна Македонија и да продолжи да ги следи случувањата преку својот механизам за редовен периодичен преглед.

Значењето на мониторинг процесот е нагласен и во односите меѓу Советот на Европа и Европската Унија. Постои координиран пристап во мониторинг механизмите како во Советот на Европа, односно Парламентарното собрание и неговите комисии, Комитетот на министри, Конгресот на локалните и регионални власти, Венецијанската комисија, така и со ЕУ и другите меѓународни организации.

Постои блиска соработка, консултација и координација на активностите во рамките на проширувањето на ЕУ и заради тоа исполнувањето на обврските и заложбите кон Советот на Европа се сметаат за битен елемент за унапредување, забрзување и остварување на аспирациите за натамошно евроинтегрирање на одредена држава.

Во дебатата за оваа точка учествуваа сите членови на Делегацијата на македонското Собрание – Иванка Василевска, Беким Ќоку и Бисера Костадиновска Стојчевска.

Слични вести