Студентите од Нови Сад на протест: „Вашите денови на кражба се одброени“

by irena 19:56
19:56

Студентите од Нови Сад со протестот под мотото „Што значи победа?“ најавија нова фаза од студентскиот отпор, порачувајќи дека победата не е симболичен чин, туку долг процес на демонтажа на корупцијата и неодговорното владеење. Од Плоштадот на слободата јасно истакнаа дека борбата не завршува, туку допрва започнува.

„Народот е уморен од измами, кражби и перење пари. Вашите денови на кражба се одброени. Ќе дојде момент кога законите ќе важат за сите – и тој момент не е далеку“, порача еден од студентите.

Поддршка на протестот дадоа и правниците. Адвокатката Тања Арсиќ истакна дека молкот е завршен и потсети на историскиот протест кога судии, обвинители и адвокати заедно застанаа пред Уставниот суд.

„Ќе се бориме за држава во која власта е минлива, а правото трајно“, нагласи Арсиќ.

Студентите посочија дека нивната цел е изградба на систем заснован на одговорност и владеење на правото, а не на корупција, додавајќи дека актуелната власт и режимот очигледно не ги разбираат овие вредности. Како пример ја наведоа професорката Јелена Клеут, која, и покрај исполнетите услови, не беше избрана во редовно звање.

Слични вести