Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но коловозите се претежно влажни, а појава на магла на одредени делници го намалува видното поле. На планинскиот премин Плетвар видливоста е до 100 метри, во Крушево и на Стража до 50 метри, во Маврово до 40 метри, на патот Штип – Неготино (кај Серта) до 50 метри, а на патот Тетово – с. Лисец до 30 метри, соопшти АМСМ.
Интензитетот на сообраќајот надвор од градовите е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања.
АМСМ препорачува возење прилагодено на условите, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на делниците низ котлините, речните долини и клисурите каде постои ризик од одрони, како што се Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.