203
Голем број на македонски државјани во изминатите недели се соочија со проблеми при одењето или враќањето од Грција поради штрајк на земјоделците, поради што беа затворени граничните премини.
Како што пренесуваат грчките медиуми, во текот на празничната сезона нема да има блокади кон Грција, се со цел на граѓаните да им биде овозможено патување.
Земјоделците донесоа одлука да ги прекинат блокадит, и граничните премини и патиштата да бидат отворени во два периоди:од вторник 23 декември до недела 28 декември и од вторник 30 декември до недела 4 јануари 2026 година.