ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да говори за загаден воздух

by valentina 13:59
13:59

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ како лицемерни ги оцени реакциите на нивниот политички опоненет – Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) во врска со аерозгадувањето во Скопје и нивните повици за донесување итни мерки за решавање на проблемот.

Имено, од ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение реагираа на денешната прес-конференција на Советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје, на која тие побараа да биде прогласена еколошка и здравствена кризна состојба во главниот град поради виското ниво на аерозагадување што се бележи во изминатите неколку дена.

-Навистина е лицемерно СДС да говори загаден воздух. Ветуваа ‘ајро ајро’ на митинг, почист воздух, а во суштина нивен министер протестираше против загадувањето на воздухот наместо да преземе мерки, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според владејачката партија, СДСМ доколку сакал за седум години, додека беше на власт, можел барем за 10 проценти да го намали загадувањето во Скопје, но наместо за проекти за решавање на проблемот се трошеле милиони евра за бизарни потреби, но и за градење згради во повеќе општини.

-Во време на СДС, парите наместо за животна средина и почист воздух, се трошеа 1,6 милиони евра за лубриканти. За седум години можеа барем за 10% да го намалат загадувањето на воздухот, ама приоритет им беше градење згради, како што сакаа, во Ѓорче и во Хром да никнат 100 згради во 2020 година, а исто толку и во истиот период и во населбата Расадник, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични вести