Килијан Мбапе го доби судскиот спор со поранешниот клуб, француски ПСЖ. Клубот сега ќе мора на фудбалерот да му исплати 61.000.000 евра.
Мбапе во ПСЖ дојде во 2018 година од Монако, за сума од 180.000.000 евра.
Фудбалерот летото 2024 година реши како слободен играч да се пресели во Реал Мадрид.
По заминувањето побара клубот да му ги исплати платите и договор за верност.
Се тужеа со претседателот на клубот, Насер Ал Келаифи.
Мбапе бараше дури 263.000.000 евра, а ПСЖ побара 440.000.000 од екс играчот на клубот.
Секако, ниедна страна не можеше да добие толку многу, но ПСЖ сепак ќе мора да плати.
Судот пресуди во корист на фудбалерот, па тој ќе ги добие платите за 18 месеци.
Мбапе во дресот на ПСЖ одигра 308 натпревари, постигна 256 гола и имаше 110 асистенции.