СДСМ до Томовски: На криминалци не се извинуваме

by irena 18:37
18:37

Опозицискиот СДСМ одби да се извини откако такво нешто од него побара директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, по наводите дека негова семејна фирма од државни институции и општини водени од ВМРО-ДПМНЕ добила вкупно 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра.

Томовски најави дека ќе поднесе тужба за клевета ако СДСМ не се извини за изнесените наводи.

Во меѓувреме, од опозициската партија порачаа дека не се извинуваат на криминалци.

„Томовски вели да му се извиниме? Затоа што семејната фирма добила 161 тендер за 5,5 милиони евра, ние да му се извиниме? Нема шанси, Томовски! На криминалци не се извинуваме! Ние се бориме против криминалот и корупцијата. Заканите на Томовски не нè плашат, нè мотивираат. Утре, на нова прес-конференција ќе објавиме нови детали за семејната фирма на Томовски. Ќе видат граѓаните зошто нема да се извиниме“, велат од СДСМ.

Слични вести