Екс-градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски, еден од обвинетите за трагедијата во дискотеката „Пулс“, вели дека пред 13 години бил единствениот во земјава кој барал утврдување на минимално-технички услови уште пред почетокот на работата на објектот.
Смета дека не е во ред и дека е неправедно, дел од сограѓаните на Кочани да го гледаат со презир и да го гледаат дека има придонес во трагедијата.
Според него, оваа конструкција од обвинение е на негова штета, неговото семејство и на оние што засекогаш ќе тагуваат.
-Каква правда може да се добие, ако се изостави барем еден човек кој има вина, а не е обвинет? Не постојат заменски обвинети, кажа Димитровски на денешното рочиште во судницата во „Идризово“. Додава дека Општина Кочани испратила допис со барање за неиздавање на лиценца на објектот, бидејќи не е во надлежност на општината.