Со неполни 16 години Даумен е најмладиот играч во историјата на фудбалската ЛШ

by irena 10:35
10:35

Лондонски Арсенал синоќа славеше против Славија во Прага со 3:0 во четвртото коло во Лигата на шампионите, а натпреварот го одбележа фудбалерот на „Топџиите“, Макс Дауман.

Тој влезе во игра во 73-та минута и со тоа влезе во историјата станувајќи најмладиот играч што настапил во фудбалската Лига на шампиони.

Дауман дебитираше во елитното клупско натпреварување со само 15 години и 308 дена.

Овој рекорд претходно го држеше Јусуф Мукоко, кој дебитираше во ЛШ на 16 години и 18 дена.

Слични вести