Партијата ВМРО- ДПМНЕ вечерва ја слави победата на денешните избори. Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека неговата партија на овие локални избори извојувала голема победа. На прес-конференцијата во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ рече дека победата е на измачениот народ и неговите надежи. Прогласи победа во Скопје, во скопски Карпош и Аеродром, во Чучер Сандево.
Рече дека голема победа е издвојувана во Брвеница и Кичево. ВМРО-ДПМНЕ победи и во Валандово, Дојран и Крушево кои досега имаа градоначалници на СДСМ, како и во Кочани.

Фото: Томислав Георгиев
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вели дека вечерва не победил само тој, туку дека победило Скопје.

Фото: Томислав Георгиев
Мицкоски кажа дека е свесен оти голем број граѓани не излегоа на овие избори и не гласаа за ниту една политичка опција
„Таа тишина ја слушнале и тоа е обврска во наредниот период да следат промени. Нема да ве убедуваме со зборови туку со дела“, додаде Мицкоски.

Фото: Томислав Георгиев

Фото: Томислав Георгиев

Фото: Томислав Георгиев

Фото: Томислав Георгиев

Фото: Томислав Георгиев

Фото: Томислав Георгиев

Фото: Томислав Георгиев

Фото: Томислав Георгиев