Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ДОЛГАТА РАКА НА ВМРО-ДПМНЕ
Како бонус на владејачката ВМРО-ДПМНЕ ѝ дојде и повлекувањето на независните кандидати на Македонски Брод и Могила. И покрај големата поддршка што ја добија, и на двајцата, од нигде никаде, им текна, или подобро речено ги потсетија, дека биле задоени во ВМРО-ДПМНЕ.
СЛУЧАЈ ,,КАРДИОХИРУРГИЈА”
Во документите со кои располага „Фокус“, може да се забележи и лошото финасиско работење на Клиниката за државна кардиохиругија, а особено алармантно е во делот со набавката на потребните материјали за работа на реверс-позајмица, што е спротивно на Законот за јавни набавки.
ИЗБОРНА РАЗВРСКА
Што се очекува во вториот изборен круг?Дали разврските во Тетово, Струга, Брвеница може да ја разнишаат владината коалиција и да донесат нов партнер на Илинденска?
ЕЗЕРО МЛАДОСТ
Никој не се јави на јавниот повик за механичко отстранување наслаги и органска материја од Велешко езеро се бараше фирма што ќе ја отстрани органската маса од изумрени алги и трски, која плива по површината, ќе ги отстрани исушените дрвја и ќе ја исече трската по крајбрежјето.
МОДЕРЕН ПРОЕКТ СО СТАРОМОДНИ ПРЕЧКИ
Додека ЕУ ги обединува сите документи во дигитален идентитетски паричник, Македонија сè уште се соочува со предизвици во инфраструктурата, законската рамка и довербата на граѓаните.
ЌЕ ПАДНЕ ЛИ ВЛАСТА ВО УНГАРИЈА?
По 15 години континуирана власт на ФИДЕС, логично е дека нејзиниот рејтинг почнува да паѓа. Но, дали има соодветна опозиција што може тоа да го капитализира и како сета оваа игранка ќе се одрази на нашиот моментално најблизок партнер внатре во ЕУ?
НЕСМАСНА ПОЛИТИКА
Интелигентен политичар мисли како да промовира некоја идеја или кандидат, а мудриот политичар се прашува зошто таа идеја или тој кандидат воопшто би ги промовирал, а не некои други, сосема поинакви.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Умереноста на посилниот кон послабиот е условена со попуштање на послабиот кон посилниот. Оттаму, тие што сакаат да се однесуваат како рамноправни, а рамноправни не се, мора да се соочат со последиците од своето однесување во меѓународната политика.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Несреќниците од сектите немаат ниту логичен и асолен одговор зошто и како се случи во Општина Чашка, со 57 отсто Македонци, 35,2 отсто Албанци, 5,1 отсто Турци и 2,4 отсто останати, да победи необалистичката идеологија на УЧК?
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Она што вистински ја отсликува и ја одразува темната страна на овие локални избори се историски најниската излезност на граѓаните од само 48,3 отсто од една и рекордниот број од 6 отсто неважечки гласови од оние што излегле на гласање.
Јордан СТАВРОВ
Размислувањата на одговорните луѓе од владата што сметаат дека брзата пруга нема да биде никаква закана за објектите од А-категорија, како што се хидроелектраните, не држи!