1568

by bogdan 19:41
19:41

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

„МРТВИОТ ГРАД”, НАМЕСТО БОЈКОТ, ГЛАСАШЕ
Од целиот изборен ден, најпоразувачки беа резултатите што дојдоа од Кочани. Ако трагедијата во ова мало гратче е најголема досега од осамостојувањето на земјава, излезноста на изборите во Кочани ја отсликува најголемата мизерија.

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ
ВМРО-ДПМНЕ веќе се доживува како убедлив победник на локалните избори, со оглед дека освои над двојно повеќе гласови на советничките листи во споредба со СДСМ и го подобри сопствениот резултат од пред 4 години, а по вториот круг се очекува да освои десетина градоначалници повеќе од сегашните 42.

НАРОДОТ ЈА ДОБИ ВЛАДАТА НА СУД
Пред пет години, неколкумина граѓани и адвокати почнаа судска битка против труењето на народот од загадениот воздух. Неодамна стигнаа првите позитивни одлуки, каде што победници се граѓаните, а за виновна е прогласена владата.

ТРГНА ВОЗОТ
ЈП Железници го избра изведувачот на градежните работи за санација на делниците по кои ќе се движи градскиот воз. На тендерската постапка учествуваа само две компании, од кои едната од Приштина, а другата од Македонија.

ПАРТИСКИ СЛОГАНИ
Улогата на слоганот во изборните кампањи е клучна за градење препознатливост и доверба, но неговиот успех зависи од тоа колку добро е креиран, тестиран и адаптиран на потребите и очекувањата на целната публика.

ПОЛИТИЧКИ ПЛАШИЛА
Оние гласачи кои и самите се чувствуваат дискриминирани, замолчувани и игнорирани од страна на системот, природно ќе бидат привлечени да го дадат својот глас за оние партии и политичари за кои ќе стекнат впечаток дека се жртви на дискриминација, замолчување и игнорирање од страна на политичката елита.

ТРАМП И ПУТИН
Европските лидери се најголеми поддржувачи за продолжување на војната во Украина, и покрај напорите на Доналд Трамп да постигне какво-такво примирје. Проблемот е што на краток рок, тоа сигурно ќе резултира со дополнителни територијални загуби за Украина.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Диодотус сметал дека екстремната употреба на сила може да биде контрапродуктивна, терајќи ги идните бунтовници да се борат до смрт, свесни дека на крајот смртната пресуда секако ги чека.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Едно е извесно: никогаш нема да има локални „татковци“ и „мајки“ од калибарот на легендарните белградски градоначалници БранкоПешиќ и БогданБогдановиќ, ниту како загрепскиот Милан Бандиќ и љубљанскиот ЗоранЈанковиќ, дури и како градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ.

Ана ПАНОВСКА
Колку и да сме горди како Македонци, ептен ќе се попариме ако останеме понижени на перонот, гледајќи како од прозорците на вагоните Рама и Милатовиќ срдечно ни мавтаат и ни викаат ПА-ПА!

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Алчноста е тешка психолошка, социјална и воена болест. Прашање е дали од неа боледуваат само „обични“ луѓе или, пак, оние што имаат моќ и средства да ја пустошат и уништат планетата Земја. Во секој случај, актуелната цивилизација на човекот е на едно од клучните распаќа во својата понова историја.