Некои проблеми политичарите не ги решаваат, не оти не знаат како, туку оти не знаат зошто

by bogdan 16:53
16:53

Ќе направат ова, ќе направат она, само да добијат власт. Но, зошто тие што веќе се на власт, не го направиле тоа? Оти имале интерес, нивен, личен, да не го направат тоа.

Која е гаранцијата дека штом ќе се смени власта, новата гарнитура нема да го препознае тој интерес и за себе, па и таа да не го решава проблемот?

Класичен пример за ова се дивоградбите. Зошто секоја власт ги толерира? Оти не знае како да ги урне? Нема правен механизам?

Не, туку затоа што секоја нова гарнитура, како што ќе седне на фотелја, си постигнува договор со урбаната мафија, со клаузули од типот „ние ќе ви прогледуваме низ прсти, а вие ќе ни го полните џебот“ и тоа е тоа.

Да, граѓаните се чувствуваат разочарани што шансата да се воведе ред во урбаниот хаос е пропуштена. Ама шансата да се наполни нечиј џеб со парички, дефинитивно не е пропуштена.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК