EES не се однесува, ниту се воведува само за Македонија или само за земјите од Западен Балкан. Не е замислен да го ограничи или отежни патувањето, туку напротив да го олесни и убрза.
Со овој систем, македонските граѓани нема да имаат никакви дополнителни ограничувања, освен оние што практикувале да остануваат во Унијата на црно.
Единствено, проблем може да се очекува во првите денови од примената поради создавање евентуален метеж на границите.
Предвремено онлајн-пријавување засега не е никаква обврска и евентуално ќе почне да важи по применувањето на вториот систем ETIAS, кој е најавен за втората половина на 2026 година.
Пишува
Дејан АЗЕСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК