(ВИДЕО) Божиновска: Прекинати 45 концесии за минерални суровини

by irena 14:00
14:00

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, информираше дека се прекинати над 45 концесии за минерални суровини, од кои 34 еднострано, а за 11 договорите се завршени и не се обновени.

На брифингот со новинарите, Божиновска објасни дека причините за ова се кршење на законските регулативи и на еколошки стандарди, неисполнување на обврските за концесиски надоместоци, трансфер на концесија без одобрение и ископување надвор од дозволената територија.

“Од јануари до 1 октомври годинава се спроведени 170 вонредни и 78 редовни инспекциски надзори”, подвлече Божиновска и најави значително поригорозни критериуми во однос на доделувањето и надзорот на концесиите.

Божиновска посочи дека причините за сите раскинувања на концесии се сериозни: се работело за нарушување на законските обврски и еколошки стандарди, неплаќање концесиски надоместоци, пренесување на договори без одобрение и експлоатација надвор од дозволените граници.

Во Државниот инспекторат за енергетика и рударство во моментов функционираат околу 14 инспектори, но потребни се двојно повеќе да функционира институцијата како што треба.

Министерката Божиновска најави и дека Македонија ќе биде домаќин на глобалниот енергетски дијалог, од 28 до 30 октомври ќе се одржи Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14) што ќе се одржи од 28 до 30 октомври во Скопје, во организација на Министерството за енергетика и рударство и УНДП. На форумот ќе се расправа за Енергетска поврзаност и регионална соработка, енергетска безбедност и стабилност, за праведна енергетска транзиција, како и за меѓународна соработка и инвестиции.

Орце Костов

Слични вести