Додека бил директор Нино Васев се потпишувал на т.н. условна терапија

by irena 13:42
13:42

Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за „Онкологија 2“, кој се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал.

Прво беше сослушан сведок – шалтерска работничка на Клиниката за онкологија, додека директор бил Нино Васев, која објасни како се постапувало со пациентите, посочувајќи дека откако ќе дојде кај нив, со книшка бројче се вади неговата здравствена историја и се дава на докторот, а по прегледот таа се заверува.

-Ако треба да прима дневна терапија вадиме упат и правиме финансика пресметка, појасни сведокот.

Според сведокот за т.н. условна терапија додека директор на Клиниката бил Нино Васев, тој се потпишувал, а сега секој втор четврток има стручен колегиум на кој присуствуваат сите шефови на оддел и се потпишуваат на една листа.

Вториот сведок, вработен во Приватна здравствена установа во Валандово и надворешен член на Управниот одбор на Клиниката за онкологија од 2018 до 2023 година, рече дека УО на Клиниката по барање на директорот на Клиниката носел одлука за набавка на лекови, но дека теркот бил таков што Министерството за здравство во име на Клиниката распишува тендери за набавка на лекови.

– Во УО имаше внатрешни членови кои секојдневно примаат терапија и самиот како лекар од терен гледам дека бројот на лица со малигни заболувања е се поголем. На седниците на коишто сум бил присутен, со оглед дека на голем број не сум бил присутен, но по исказот на колегите дека има потреба од терапија за пациентите, најверојатно сме дозволувале набавка. Ние не навлегувавме, не знаевме што и како се набавува, изјави сведокот.

Според сведокот УО носел одлуки, но никогаш не биле безусловни, појаснувајќи дека на сите седници на кои присуствувал, било нагласувано тоа да биде со согласност од Фондот за здравствено осигурување.

На седниците на УО немало официјална информација за презадолженост на Клиниката, но дека уште тогаш имало допис до ФЗО дека ако не се направат плаќањата преку Фондот, дека Клиниката ќе дојде во незавидна финансиска ситуација.

Управниот одбор на крајот од годината, сведокот рече дека ја усвојувал Годишната завршна сметка.

Слични вести