183
Уапсени се три лица во Прилеп за предизвикување на општа опасност по чл.288 од Кривичен законик.
Како што информираа од МВР, вчера во 10:30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги уапсија Ф.М.(38) од Битола, М.С.(56) и А.Н.(23), двајцата од Прилеп.
Тие се сомничат дека претходниот ден во населба Тризла во Прилеп намерно предизвикале пожар на дива депонија.
Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната против пожарна единица Прилеп.
По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна кривична пријава, информираат од МВР.