1563

by bogdan 19:50
19:50

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЦРНИЛА
Заклучокот е дека веќе сме отрпнати, или што би рекол докторот Беќаровски, да се случеше ваков пожар во Швајцарија, болниците ќе беа преполни, бидејќи такво загадување би бил огромен шок за чистите бели дробови на Швајцарците. А ние, Македонците, нели жилави како пиреј, глава не сме кренале од црнила!

„СРЦЕВИ ПРОФИТЕРИ”
Солените цени отприлика се движат исто и во двете приватни болници. Различни видови операции се и со различни цени, кои се движат од 6.000, па постои и операција со вградување помошен уред за срцева работа, која чини вртоглави 133.000 евра.

ПОЖАРИ
Пожарите на депониите, како и оној во Трубарево, станаа повод за нови политички препукувања, но суштинскиот проблем и понатаму останува нерешен – имаме недостиг од системски мерки и долгорочни решенија за справување со загадувањето на воздухот и менаџирањето на отпадот.

БОГАТИ ПАРТИИ, СИРОМАШЕН НАРОД
„Фокус“ изврши проверки на последните ревизорски извештаи за редовните, но и изборните сметки на политичките партии. Меѓу другото, во нив може да се најдат наводи за замрзнат и нерегулиран имот, за противзаконско финансирање итн.

КОНФИСКАЦИЈА НА ВОЗИЛА
Одземањето на моторни возила е предвидено во посебен член и главно се однесува на случаите кога возачот извршил сообраќајно кривично дело, а притоа немал ни право да управува со моторно возило или повеќекратно го прекршил законот со управување со моторно возило со големо пречекорување на дозволената брзина.

ХИБРИДНИ НАПАДИ
Од тоа што Македонија наводно станала мета на хибридни напади од странски центри на моќ, од една страна треба да сме загрижени. Од друга страна, треба да се радуваме, оти ова е доказ дека ние не сме толку небитни колку што си мислиме.

ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА ВО НЕПАЛ
Повеќе од сигурно е дека соседните Индија и Кина играат клучна улога во случувањата во Непал, но она што импресионира е тоа колку бргу младите може да се мобилизираат и да направат тотален пресврт.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Кога се работи за мирот, очекувањата на реалистите се умерени. Мирот не е неостварлив, но и војната е секогаш можна опција за разрешување на конфликтите меѓу државите.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Тајните служби се политичко-идеолошка глава со две лица, по урнек на Јанус од античката митологија. Секогаш под покровителство и за сметка на партијата на власт, која перфидно го сокрива топчето под кибритот и безочно фолира дека  прави „реформи“ во интерес на државата!

Ана ПАНОВСКА
Виновни се претходните, сите од прв до последен, ама што оти се виновни кога се ептен среќлии, реално нив не ги снајде ниедна поголема беља каква што ги снајде едно подруго Мицкоски и неговите. Судбина! А бе, како некој баксуз да го тера човеков!

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Илузорно и лажно е да се зборува за процес на пристапување според „заслуги“ и поставување во реформските процеси. Јасно е дека безбедносните, политичките и економските интереси се основниот критериум за „напредокот“, а не она што го проповеда официјалниот Брисел.