179
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека има прекин во мировните преговори меѓу Русија и Украина и ги обвини европските земји за опструкција на процесот, за кој, како што изјави, Москва сè уште е отворена.
„Засега, веројатно е посоодветно да се зборува за прекин (во контактите на преговарачките тимови)“, рече Песков на прашањето дали преговарачкиот процес стигнал до ќорсокак по средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска, пренесува РИА Новости.
Тој изјави дека не треба да се очекува дека преговарачкиот процес ќе донесе „молскавични резултати“.