1560

by bogdan 19:50
19:50

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ГЛАДИЈАТОРСКА АРЕНА
А, мислев дека по трагедијата во Кочани, повеќе ништо нема да биде исто. Дека загубата на толку млади животи, но и толку многу повредени, ќе нѐ тресне од земја и ќе нѐ освести и обедини, а не дека на површина ќе ја извади малограѓанштината.

СЕ ПРАВЕЛИ ЛИ НЕПОТРЕБНИ ОПЕРАЦИИ НА СРЦЕ?
Аџибадем Систина и Жан Митрев клиник, за две години добиле 34 милиони евра од ФЗО за операција на срце на 4.906 пациенти! Кардиологот Сашко Кедев пак ја отвори  Пандорината кутија, обвинувајќи дека дел од интервенциите во некои приватни клиники се правеле неопотребно, само за профит.

ХОТЕЛОТ НА МИЈАЛКОВИ
УНЕСКО побара земјава итно да ги стопира сите градежни активности во околината на Студенчишко Блато и во „комплексот Горица 3“. Факт е дека токму таму се гради хотелски комплекс од страна на „Дивелоп груп“, поврзана со семејството на ексшефот на тајната полиција, Мијалков.

СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА
Стопанска банка Битола има издадено вкупно 390.977 акции. Доколку сите акционери ја прифатат понудата, српската Алта банка, блиска до Вучиќ, вкупно ќе треба да плати 24,01 милиони евра за Стопанска банка Битола.

АЛАРМ ЗА ИДНИНАТА
Официјалните податоци укажуваат дека 23,7 отсто од младите на возраст од 15 до 29 години се надвор од системот на образование, вработување и обука (NEET), што е речиси двојно повеќе од европскиот просек. Потоа, дури 70 отсто од младите луѓе воопшто не се заинтересирани за политика.

БОРБА ЗА СПАС НА РЕКАТА ДОШНИЦА
Веќе над 60 дена, активистите се на терен во борбата за „Спас на Дошница“. Тие се решителни: нема да се повлечат сè додека не се поништат сите дозволи и концесии за изградба на малите хидроцентрали.

МЕЧ ИЛИ БЕЛО ЗНАМЕ?
По официјалното одбивање за разговори од страна на студентите, на актуелното српско раководство не му останува ништо друго, туку со сила да ја врати функционалноста на државата. Другата алтернатива е прифаќање избори заедно со однапред договорен резултат, кој би гарантирал гаранција за иднината на Вучиќ и неговите најблиски соработници.

ИДЕИ ПРОТИВ НИСКИОТ ОДЅИВ
Како да се мотивираат граѓаните да излезат на гласање? Многу просто, со примена на концептот на лотарија од сферата на игрите на среќа во сферата на политиката. Секој граѓанин што ќе дојде на избирачко место и ќе уфрли гласачко ливче во кутијата да добие по една грепка и едно ливче во стилот на оние за бинго.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
По мојот говор настана една хаотична ситуација во која, имав впечаток, секој имаше однапред подготвено излагање, така што малкумина се осврнуваа на фактите и аргументите изнесени во мојот говор…

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во Севернава направија нема мафија според класичната матрица, туку само чираци и подизведувачи на регионалните мафии. Единствената вистинска мафија е облечена во власт и таа владее непрекинато повеќе од три децении.

Ана ПАНОВСКА
Јосиф Михајловиќ Јуруковски, според многу денешни аналитичари, бил најуспешниот градоначалник на Скопје. На почетокот на мандатот уште веднаш го направил генералниот регулационен план на Скопје и извршил геодетски премер на градот со што ги поставил параметрите на неговата современа урбанизација.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Вистинското прашање не е дали и колку се криминалци поединци од партиите што порано биле на власт или, пак, од оние што се сега на власт! Вистинското прашање е чии се парите и кој, на крај, го плаќа цехот за коруптивно-криминалното владеење на оваа или на онаа партија.