Брутална полициска интервенција во Ваљево, претепани десетици граѓани

by valentina 09:46
09:46

На синоќешните демонстрации низ Србија уапсени се повеќе десетина лица, а на социјалните мрежи, граѓаните споделуваат снимки од полициските активности меѓу кои има и повеќе случаи на брутално претепување на веќе совладани демонстранти.

Во Ваљево, според организацијата Ваљевски збор биле уапсени 67 демонстранти, а десетици се повредени и претепани од полицајците.

Полицијата во Ваљево беше брутална кон демонстрантите и како што можете да видите на видеата, тие брутално ги претепаа граѓаните, пренесува Нова.рс.

Видеата што кружат на социјалните мрежи покажуваат униформирани полицајци како користат сила врз граѓаните. Голем број граѓани се обиделе да избегнат полициска интервенција со тоа што се засолниле во хаусториите на станбените згради, но полицијата буквално ги бркала и ги претепала до смрт.

Неколку полицајци во опрема за немири претепале еден млад човек.

Според објавите на граѓаните на Ваљево, полицијата апсела и тепала секого пред себе, дури и граѓани кои не биле учесници во протестот. Како што е наведено во објавите на социјалните мрежи, полицијата ги извлекувала луѓето од околните барови, ги тепале и ги приведувале.

 

Слични вести