Следната седмица ќе почне со невремиња, потоа времето пак ќе се затопли

by irena 12:39
12:39

По понеделник и вторник, кога на повеќе места времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, од среда се очекува стабилизација на времето, вели седмичната метеоролошка прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

За утре и задутре, во Скопје и на голем број други подрачја во земјава се очекуваат локални невремиња со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2), силен ветер (над 60км/ч) и изолирана појава на град. Од среда ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со пораст на дневната температура.

Слични вести