Две лица се убиени, а најмалку три се ранети во вооружен судир што избувна на паркинг пред казино во градот Рино во американската држава Невада.
Еден маж извадил огнено оружје и пукал во неколку луѓе пред да биде уапсен, соопшти полицијата, додавајќи дека во размената на оган учествувал и еден полицаец.
„Осомничениот е приведен и префрлен во локалната болница. Не ја знаеме неговата состојба“, се вели во соопштението.
Портпаролот на полицијата во Рино, Крис Џонсон, изјави дека состојбата на другите повредени во инцидентот е непозната во овој момент.
Портпаролката на локалната болница изјави дека Итна помош им укажала помош на неколку пациенти со прострелни рани.
Пукотниците се случиле околу 7:30 часот наутро по локално време на паркингот на хотелот „Гранд Сиера“ во близина на меѓународниот аеродром Рино-Тахо.