Скопјанец со нож нападна вработени во хотел во Охрид

by irena 14:12
14:12

МВР информира дека синоќа во 21.55 часот, полициски службеници од СВР Охрид во охридското село Коњско, го лишија од слобода А.Д.(43) од Скопје.

Тој претходно, во хотелски комплекс лоциран на охридското крајбрежје, со нож нападнал две лица вработени во хотелот, а потоа оштетил и дел од хотелскиот инвентар.

Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести