Со паркингот на Клинички центар, со години управува ЈП „Градски паркинг“ Скопје. Повеќе од јасно е дека овој бизнис претставува златна кокошка од која многумина можат да се офајдат.
Па, поради тоа се и редовните препукувања меѓу партиите, за да ја присвојат оваа бизнис-зделка, па приходот од платениот паркинг, наместо да се слева во државната каса, да оди во нечии приватни џебови. Не постојат тука пациентите, туку само бизнисот, парите и моќта.
Падна скандалозен договор со контроверзна албанска фирма, за кој услугата, ако се потпишеше, договорот ќе чинеше 50 денари од час наместо 30 како досега, што предизвика бурни реакции во јавноста. А, уште полошо звучеше дека државата од овој богат паркинг, доколку отиде во рацете на приватен инвеститор, би добивала само 1 отсто од приходот. Компанијата е поврзана со крупни скандали во Албанија, каде што се спомнува и политичка корупција.
Градежната компанија „Ѓока констракшн“ била инволвирана во скандал поврзан со изградба на тунели, кои се урнале поради работа со неквалитетни материјали.
Дополнително, оваа албанска компанија се спомнува и дека била дел од лобирање кај политичари од Албанија! Договор не падна, не за друго, туку затоа што ВМРО немаше ќар од бизнис-зделката. Дали на повидок е нешто ново?
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК