Врз основа на анализа на цени на проекти за изградба на двоколосечни брзи пруги во регионот, Владата утврдила дека најниската цена по километар двоколосечна брза пруга изнесува 8,8 милиони евра, а највисоката изнесува 14,4 милиони евра.
За проценетата вредност од 1,76 милијарди евра за изградба на 200 км двоколосечна брза пруга е земена најниската цена од 8,8 милиони евра по километар.
Кога на ова ќе се додадат најмалку 70 милиони евра за проектот и 176 милиони евра за надзорот, се доаѓа до сума од 2 милијарди евра.
Вкупно потребните средства би се обезбедиле од Меѓународните финансиски институции во износ од 95 отсто, односно со проценета вредност од 1,91 милијарда евра, додека 5 отсто, односно 0,1 милијарди евра ќе биде потребно да се обезбедат во буџетот.
Пишува
Орце КОСТОВ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК