ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Држејќи го живо т.н. македонско сценарио, со кое уште од падот на режимот на Груевски ги плаши српските граѓани, српскиот претседател Александар Вучиќ не покажува оти е искрен пријател на Македонија
„РУЖНА“ ВИ Е АМНЕСТИЈАТА
Организаторите на крвавото сценарио се на врвот на пирамидата на одговорноста. Но, веднаш по нив се сите оние кои со месеци го заведуваа граѓанството дека е патриотски да ги сотреш „предавниците“. Како што и за Хитлер да го оствари својот проект, клучна улога имала заводливата пропаганда на Гебелс. Потоа чуварите на конц-логорите со испран мозок сигурно верувале дека работат за патриотска кауза
КАТИЉ АМЕРИКАНСКИ ИЗВЕШТАЈ
Во Извештајот на Стејт департментот за човековите права во Северна Македонија за 2018 година, Американците бараат земјата да работи на казнување на злоупотребите од полицијата, да ги подобри нехуманите услови во затворите и да го зголеми учеството на немнозинските заедници во безбедносните структури
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО И ПРЕД ЕУ
За разлика од ЕУ, кога минатата година рипнавме камче, ама допрва нѐ чекаат планини, со НАТО е обратно. Планината ја рипнавме, но нѐ чекаат камчиња, а и по некоја карпа! Камчињата – некои помали, некои поголеми – може да дојдат од некои од 29-те земји-членки на Алијансата. Карпите ќе се само наши. Сами ќе си ги наместиме. Ќе бидат од Македонија, поточно од Северна Македонија
СЕ ПРИСЛУШУВАЛО И ОД СТАНОВИ
И по четири години, се уште нема судска пресуда со која конечно ќе се казнат виновниците за прислушувањето, бидејќи судењето за „Таргет и Тврдина“ се уште е во тек. Во меѓувреме, на површина излегуваат нови детали кои откриваат дека прислушувањето не се вршело само во УБК, туку и во станови надвор од кругот на МВР
ПАРТИСКИ ДОНАТОРИ НА СДСМ ДОБИЛЕ ТЕНДЕРИ
Државниот завод за ревизија деновиве објави ревизија на финансиските извештаи на политичките партии за кампањата на локалните избори. Проверките што ги изврши „Фокус“ откриваат дека најголемите поединечни донатори на СДСМ за 2017 година поседуваат фирма која лани година добила два тендери од јавно претпријатие под капата на нивни близок роднина
ИМОТНИТЕ ДОСИЕЈА НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ
На веб-страницата на Антикорупциската комисија може да се најдат имиња на функционери со обемни анкетни листови во кои се наброени куќи, станови, викендици, земјишта, но има и штури анкетни листови, според кои, некои од нив нема каде да живеат затоа што на свое име немаат ниту куќа, ниту стан
СИМБОЛИКАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ
Ќелавите партии ќе се борат преку своите ќелави кандидати за сопственост врз чешелот, а народот, острижан до гола кожа, веќе одамна никој не го шиша ни два отсто. Бушавата реалност постојано се фризира, па ако граѓаните не сакаат уште еднаш да бидат избричени на суво од партиските бербери, крајно време е да се накострешат
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Вратете ја дебатата на вистинскиот колосек и во овие претседателски избори: оној кој е против Преспанскиот договор е против НАТО и ЕУ. Точка. Зошто точка? Затоа што без промена на името нема НАТО и ЕУ. Зошто? Затоа што сојузите се создадени да ги бранат интересите на своите членки, па секоја од нив има право на вето
Сашо ТАСЕВСКИ
Глупаво е за нечиј туѓ его-трип да заглавиш во затвор петнаесет години… Во тоа е личната трагедија на тие осудени лица. За жалење се зашто инфантилно влегоа во опасен заговор со верување дека сѐ ќе испадне како што е планирано. Груевски ќе остане на власт, а они ќе продолжат да добиваат следување од кантата маст
Ана ПАНОВСКА
И „претседнико“ е под лупа на обвинителството и којзнае уште кого сѐ ќе видиме по обвинителните клупи, зашто уште не знаеме колку се дрпало од националното богатство. Но, заслепеноста и опиеноста на претходната владејачка структура беше токму во тоа што ни на крај памет не им доаѓаше дека тој башибозук еднаш ќе престане
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Ќе мора да се отвори процес на преиспитување на потеклото на парите и имотот на сите политички функционери, судии и обвинители. Дали ќе има политичка волја и сила за тоа не сум сигурен, но едно е јасно, без тој процес на прочистување, тешко дека од Република криминална Македонија ќе се преобразиме во Република Северна Македонија
Јанаки МИТРОВСКИ
Ниту еден судија никогаш не одговарал во Македонија за неосновано одредување или продолжување на мерката притвор. А Законот за судовите налага дека доколку судијата со своето постапување причини штета, државата ќе ја надомести, но има право да го тужи судијата за секој исплатен денар