1215

by admin 22:17
22:17

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Сдсмовските правни експерти не прават болни мајмуни со целата операција со кодно име „Помирување“. Да зависеше судбината на Преспанскиот договор на било кој начин од Нинџа или од Игор Југ, ете, да имаа некој роднина пратеник од ДПМНЕ, гарант ќе не убедуваа дека насилниците само подлегнале на хушкачката пропаганда, па ќе куртулеа

ЌЕ ГО ПОТОНЕ ЛИ КАТИЦА ЈАНЕВА СЈО?!
По бегството на Груевски и отворањето на капијата од „Шутка“ за да излезат Мијалков и Камчев, сета доверба и репутација што СЈО ја градеше, се сруши како кула од карти. Зошто Јанева прво го улови пленот, а потоа и го ослободи, засега само се шпекулира. Наместо криминалци зад решетки, ќе добиеме ли скапо платен театар за народот?

ФИРМА БЛИСКА ДО ДУИ ЧИСТИ СНЕГ ЗА 1 МИЛИОН ЕВРА ГОДИШНО
Во овој период над 170 возила во Македонија работат на чистење на снегот. Само 70 од нив се на „Македонија пат“, а 100 се изнајмуваат. Годинава јавното претпријатие платило 1,4 милиони евра за изнајување приватни возила и за суровини, од кои најголем дел завршиле кај тетовска фирма блиска до ДУИ

СДСМ СО ШЕМАТА НА ДПМНЕ ЗА МЕСТЕЊЕ ТЕНДЕРИ
Не им требаше многу време и на новите властодршци да ја научат шемата, па така, редовно ја спроведуваат во тендерските постапки на неколку министерства и државни институции. Принципот е ист како во времето на ДПМНЕ, само што фирмите се различни, но многу често се случува и да си направат заеднички бизнис зделки

ЕДНОДНЕВЕН ИЗЛЕТ НА КОСОВО
Приштина напредува и економски и културолошки, додека Косово инфраструктурно се поврзува со соседите. Паралелно на тој процес се раѓа засебна косовска држава и нација. Само Скопје ништо не прави побрзо инфраструктурно да се поврзе со оваа држава во развој

МЕТОД НА ИТЕРАЦИИ
Ако си помогнал да падне Грујо и да дојде Заев, виновен ли си ти за промената на името? Не, виновен е Заев, а виновен е и Грујо што бил толку многу расипан на власт, што чесни луѓе кои не сакале да се смени името, биле принудени да се борат против неговиот режим. Ама што требаше, да го трпиме Грујо сосе сиот негов јавашлук и апашлук?

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
За нас, воспитувани дека има само една вистина која се вика Македонија и е наша етничка татковина, поделена од соседите, шокот со Северна Македонија е голем. За Грците, воспитувани дека има само една вистина што се вика Македонија и е грчка, заедно со зборот со кој не може да се означи словенски народ и јазик, шокот од таа реалност е подеднакво голем

Сашо ТАСЕВСКИ
Нечиј став на социјалните медиуми дека власта можеби погрешила во многу свои проценки и дела е сам по себе еретичка, орвелова ЗЛОМИСЛА. Власта е невозможно да згреши. Смената на името е победа. Референдумот е успешен. Двојазичноста сплотува. Пат од злато е само оној во ЕУ и НАТО. Вакцините нудат вечен живот. Нема место за мрчотилаци и сомнеж. Сите сме позитивни

Ана ПАНОВСКА
Иако Мицкоски постојано го користи насловот на драмата на К. Чашуле, „Црнила“, убедена сум оти не ја знае содржината. Кога би ја знаел, би се препознал во еден од главните ликови, Луков, лажниот патриот, кој освен пресметки, местенки и опседнатост со ликот на Ѓорче Петров, нема никакво чувство за македонската кауза, туку само за тоа да го снема Ѓорче

Стојан АНДОВ
Заев и Ципрас направија историски пресврт и од вековно непријателство меѓу Македонија и Грција создадоа услови да се развијат пријателски односи. За тоа требаше далекувидост, мудрост и решителност. Какви што ги имаше на конститутивната седница на првиот македонски повеќепартиски парламент на која со акламација се донесе Декларацијата за сувереност на Република Македонија

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Колку политичките игри за предвремени избори ќе бидат на штета на горливите проблеми со кои се соочуваат граѓаните, никој не го интересира. Затоа прашање е дали да се пуштат кокошките да крекаат или, пак, да се затворат во кокошарникот и да чекаат некои други времиња, се додека граѓаните не кажат кога и како!

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
СДСМ, па ВМРО, ВМРО, па СДСМ… а како нивен вечен придружник – ДУИ. Мајката и’ ја расплакаа на Македонија. Тие се главните дупачи во македонската приказна. Нејзини неуморни јавачи кои работат на смени. Иста сорта, различно пакување