1201

by admin 22:17
22:17

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Свеста на политичките елити за опстанок на државата кај нас не е на потребното ниво уште од осамостојувањето. Во ваков амбиент, демократијата, повикувањето на државништво кај пратениците, тешко даваат ефекти. Голема предност имаат политичкото подземје, непристојните понуди, корупцијата, тивката амнестија

ВРЕМЕ Е ЗА НОВ РЕФЕРЕНДУМ
Прашањето да биде: дали сте против договорот од Преспа? Ако бојкотираат тврдокорниве, тогаш и ние ќе апстинираме, па ќе прогласиме дека 1.600.000 се ЗА Договорот (ако гласаат само 200 илјади). Ако излезат они, излегуваме и ние, па ем ќе има цензус, ем ќе има мнозинство ЗА

ЕКС ПРЕМИЕРОТ СЕ УШТЕ НЕ ОДИ ЗАД РЕШЕТКИ
Откако Никола Груевски беше правосилно осуден на казна затвор од две години, за набавката на мерцедесот, сега на потег е Врховниот суд, каде што осудениот ќе го бара спасот. Советот, во кој член ќе биде и Вангеловски, ќе одлучува за тоа дали екс премиерот ќе влезе зад решетки во затворот „Скопје“, или случајот „Тенк“ ќе пропадне во вода

ИМОТ ОД ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА, ПРОДАДЕН ЗА ЧЕТИРИ
По отворањето стечајна постапка за „МЗТ Леарница“, имотот на фабриката беше проценет на 6 милиони евра. Но, на електронска аукција се пријавила само „Каст Инвест“ основана 10 дена претходно, која ги купила објектите и машините на фабриката за 4 милиони евра. Во сопствеништвото на фирмата подоцна индиректно влегува и вицепремиерот Кочо Анѓушев

ЕДНО ЗБОРУВАА ВО ОПОЗИЦИЈА, ДРУГО ПРАВАТ НА ВЛАСТ
СДСМ вети дека ќе ги разреши економските директори, кои направиле најмногу штета на јавното здравство. Во првата чистка летнаа десетина менаџери, но тука заврши се. Наместо да се разреши остатокот, почнаа да носат нови. Која е заднината на ваквата одлука што ќе одлее милиони евра од буџетската каса?

АПАТИЈА И АНТИПАТИЈА
Со каков кантар си мерел, со такав кантар ќе ти мерат. Со каков нож си „дерел“ кога си имал власт, со таков нож ќе те „дерат“ сега оние кои ја имаат власта, кога ти ја немаш. Што ќе оставиш зад себе кога ќе леташ нагоре, тоа истото ќе го најдеш пред себе кога ќе паѓаш надолу

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Ме чуди како образовани луѓе во нашата држава, правници, не успеваат да разберат дека спорот помеѓу двете држави не е правен, туку политички и дека нема правни решенија на проблемот. Има само политика и дипломатија, која потоа се преточува во норма, во право

Сашо ТАСЕВСКИ
Дури и филмот да е стварно лош, не само зашто зазема страна, туку и од естетска гледна точка, со вашите недугави потези и барања за цензура, само го факторизирате и него и режисерот. Во двата случаи ѝ правите лоша услуга на уметноста

Ана ПАНОВСКА
Нема ВМРО-ДПМНЕ да ја уништи Македонија! Не може и покрај сите усилби што ги вложува во тој зафат, туку сите оние останати, декларираните антинационалисти и демократи кои од високо гледаат и длабокоумно коментираат дека националистичкото гракање на вмровциве билo природен феномен на секоја демократија

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Состојбата со вмроните во однос на бојкотирањето на референдумот е трагична, но комичен е начинот на кој тие се обидуваат да ја оправдаат својата постапка, иако демагозите од ВЕМЕРЕТО возвраќаат дека состојбата со референдумот била комична, а исходот од него трагичен. Апсурд во апсурд