1202

by admin 22:17
22:17

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Со понудената амнестија, Заев сега ја калкулира само сопствената политичка цена што би требало да ја плати. Зашто, никој не може да предвиди каква цена ќе треба да плати Македонија ако и по изборите не може да се обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени

СЕКОГАШ Е НАЈТЕМНО СО ВМРО
Како што Тито му рече НЕ на Сталин во 1948, така Мицкоски му рече НЕ на Стејт департментот ова 2018 лето господово. Разликата е само во една „дребулија“- со контрата кон Москва, тогашната ЈУ Федерација стана поотворена кон запад. Со НЕ-то на Мицкоски за Вашингтон, партијата му станува се поизолирана од Европа, а ептен блиска со ставовите на Путин

КИРИЛ ТОДОРОВСКИ: НЕ ДОЗВОЛИВ ДА СЕ ГРАДИ НА ЗЕЛЕНИЛОТО ВО АЕРОДРОМ, ПА ГРУЕВСКИ МИ СЕ ОДМАЗДИ СО ЗАТВОР!
Кон средината на 2007 година, сосема на почетокот на изработката на ДУП за делот од Општина Аеродром, во кој спаѓа и парцелата што е на зелената површина која сега е во сопственост на Нухи Алиу и Фатмир Етеми, отворено ми се нудеше поткуп во шестоцифрени бројки, а откако во старт го одбив, веднаш бев изложен на притисоци проследени со закани од типот: „Ќе видиш што ќе ти се случи“. Што навистина и ми се случи. Затвор!

ЗАЕВ ПОДАДЕ РАКА, МИЦКОСКИ ГЛУМИ ТВРДОКОРЕН
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ до неодамна јавно бараше амнестија за обвинетите во „27 април“, па кога Заев конечно му подаде рака, тој се повлекува. Наеднаш му текна дека не сакал да се пазари, бидејќи не признавал никаква трговија со правото и правдината, а до неодамна самиот се нудеше како трговец?!

БЕТОНСКА ВРСКА МЕЃУ БАЗНИТЕ СТАНИЦИ И „БЕЛАТА ПАЛАТА“
Наместо да користи свој тим кој ги почнал постапките за 3.000 евра по базна станица, Телеком во 2011 година одлучил да му плати на „Бетон“ по 9.800 евра за базна станица, со што ги оштетил акционерите за 3,5 милиони евра. Веќе следната година „Бетон“ склучи договор со ДПМНЕ за изградба на ново седиште и плус и исплати на партијата над 2 милиони евра поради наводна грешка при квадратурата. Постои ли поврзаност меѓу двата случаи?

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ПО СТАПКИТЕ НА ТОДОРОВ
Најголемиот скандал што „пукна“ во јавното здравство за време на министерот Тодоров беше набавката на медицинска опрема од 100 милиони евра. Поголем проблем е што сегашната власт, која ветуваше дека ќе направи ревизија, по година ипол од седнувањето во фотелјите, криминалот од претходниците го остави во фиока

БЕНЕФИТИ ОД ПОЛИТИЧКАТА ЛУДОСТ
Понекогаш, да се биде луд, е најмудрото решение. Ако си шраф, најпаметно ти е да чкрипиш одвреме навреме, оти само така ќе бидеш подмачкуван редовно. Тоа политичарите го сфатија, а се чини дека на референдумот и голем дел од граѓаните го сфатија. На претстојните избори, народот, ако сака да биде добро „подмачкан“, мора уште на време силно да „зачкрипи“

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Повикот за помирување, доколку ја постигне саканата цел, ќе претставува политичко вмешување на законодавната власт во чисто правосудни предмети, но тоа може да се објасни како нужност за да се избегнат катастрофални последици за земјата. Значи, се работи за потфат што има карактер – кажано со правен речник, на крајна нужда

Денко МАЛЕСКИ
Да се помириме, порача некни премиерот Заев, очигледно алудирајќи на амнестија. Пред да ги изговори овие зборови, тој секако знае дека со амнестија се нарушуваат принципите на правната држава. Признавам, во животот на државите има само едно нешто што е поважно од тие принципи – опстанокот на самата држава. Ако сме стасале до таму, амнестијата е оправдана

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Големото и судбоносно прашање за сите граѓани на (Северна) Македонија не е дали и по која цена ќе се усвојат уставните измени, туку што ќе се случи со нас ако тие измени не се усвојат и државата остане понастрана од евроатлантските интеграции. Потоа ќе биде беспредметно и залудно да бараме кој ќе биде одговорен. Последиците ќе ги трпиме сите заедно

Ана ПАНОВСКА
Сите детали од жалопојките на ВМРО-ДПМНЕ од типот: не била запазена процедурата, па не учествувале во преговорите, па Владата не седнала со нив да изгради консензус, па Договорот го потпишало погрешно лице, место „прецеднико“… да, сите тие детали нема да ја спасат опозицијата од тешката одговорност

Сашо ТАСЕВСКИ
Куферчиња пари, уцени, закани, нудење амнестии на насилници како од ракав. Како им е само на оние кои само седат и отстрана го гледаат и слушаат тој лош блуз во матната жабокречина. Да сум Амди Бајрам, ко ќе ме прашаат: За што се боревме друже Амди? Знаете што ќе им одговорам? Ништо. Само дискретно, со средниот прст ќе се почешав по левата веѓа

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Партиските орди во целата досегашна историја на независна Македонија перманентно спроведуваа кастинг за припадници на службите без аудиција. Тој деструктивен процес на кадрирање трае речиси три децении, а главнa причинa за пролонгирање на промените е неподготвеноста да се препушти монополот и немањето политичка волја