Бојкотирачите не работат за рубљи, туку за статери

by vlatko 00:00
00:00

Во последните месеци пред референдумот за независност, имаше сериозни предлози валутата на идната самостојна македонска држава да се вика статер, во чест на античкото минато кое тогаш (деценија и пол пред грујовата антиквизација) ниту една политичка сила не се осмелуваше да го напаѓа.

Статерот како назив требаше да биде симбол на пркос кон грчките притисоци кои тогаш веќе земаа замав, како и потсетник дека Македонија некогаш била непобедлива, па таква може пак да биде. Само ако сме храбри, непокорни, бескомпромисни и ако поседуваме други позитивни особини.

Но, тогашната политичка елита реши валутата да ни се вика „денар“, за да не избегаме премногу храбро од југословенскиот „динар“, па тоа беше предвесник на иднината во која од сонот за бескомпромисноста, пркосот и храброста ништо не остана, а за непобедливоста да не правиме ни муабет.

Освен споменот за нив, како лажичка бледа надеж во бурето полно со национални порази и понижувања.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”