Заканата од најмалку 10 години затвор, очигледно замисли дел од обвинетите за насилството што се случи на 27 април 2017 година во Собранието, па испратија ултиматум до водачите од ВМРО-ДПМНЕ. Или да ги спасат, или пак, во спротивно ги потсетуваат дека место во занданата има и за нив.
Во меѓувреме, и обвинителството прибира докази и сведоци кои би можеле на обвинителна клупа да ги седнат и организаторите и нарачателите на „Крвавиот четврток“. На помош деновиве им стигаат и вештачењата од декодираните телефони. Обвинетите не биле прислушувани, односно се гледа само кој со кого разговарал критичниот ден, но затоа, пак, избришаните пораки биле вратени.
Пишува
Валентина ВУРМО
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”