Македонија не е ништо задолжена, долгот е намален, истакна Мицкоски

by irena 09:03
09:03

Македонија не е ништо задолжена, туку напротив, ако ги гледате податоците долгот е намален, рече премиерот Мицкоски во интервјуто за емисијата „Објектив“ на Македонската телевизија, коментирајќи ги обвинувањата дека со последниот договор со Обединетото Кралство долгот на државата е зголемен.

– Теоретски утре да почнеме да градиме, првата фактура ќе пристигне во 2027. Колку бргу ќе градиме, колку ефикасно ќе градиме, така ќе расте и нашиот бруто домашен производ, затоа што во градежништвото барем 3 пати ги вртите парите. Расте градежништво, расте индустриско производство, растат услуги итн. Како ќе расте нашиот номинален БДП, така ќе доспеваат обврските и така ќе се повлекуваат средствата. Значи ние нема да ги повлечеме, да ни стојат на сметка и сега ние наеднаш ќе го кренеме долгот на државата без да го кренеме номиналниот БДП-истакна Мицкоски.

Премиерот увери дека на крајот на годината ќе има намалување на долгот, а потсети дека во изминатата година се вратени и долгови кои биле направени во минатото.

Слични вести