Обвинителството денеска информираше дека истрагата за трагедијата во Кочани е проширена за уште едно лице, односно го уапсиле реалниот сопственик на агенцијата „Рубикон“, која ја обезбедуваше дискотеката „Пулс“. Дека Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ е „сокриениот“ сопственик на „Рубикон“ изминатиот периот пишуваше и неделникот „Фокус.
Од Обвинителството бараат притвор за Нацев.
-Врз основа на судска наредба вчера беше извршен претрес на две локации во Скопје и во Пробиштип, како и во автомобилот на осомничениот, при што беше одземена обемна документација поврзана со правното лице и електронски уреди. Лицето е лишено од слобода и со оглед на сите околности и законски основи, јавниот обвинител денеска до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Кочани ќе достави предлог за определување мерка притвор, велат од Обвинителството.
Потврда за приведениот Нацев стигна и од МВР.
Почитувани,
-МВР во координација со јавен обвинител по наредба на судија на претходна постапка изврши претреси во две локации во Скопје и Пробиштип, во врска со агенција за обезбедување при што лишено од слобода е лицето А.Н, информираат од МВР.