Утрово БЈБ по налог на надлежниот Јавен обвинител приведе неколку лица меѓу кои и Ристо Крмзов, кој долги години профитирал како резултат на блиските врски со политички и еконмски центри на моќ.
Според засега неофицијалните информации, Крмзов заедно со останатите уапсени, преку фиктивно прикажување на добивки и симулирано плаќање на даноци, изведувале организиран поврат на ДДВ. Наводно, со помош на фиктивни фирми, непостоечки физички лица од Косово и други земји, се оформувале лажни трансакции, само како параван за изигрување на законот. Понатаму сомнежите се дека, нелегално стекнатите средства, преку монтирани државни исплати, завршувале во приватни џебови, а потоа се переле и легализирале преку градежниот сектор.
Во пријавата опфатени се 15 правни и 23 физички лица. Се очекуваат официјални информации од МВР и Обвинителството за денешната акција.