Полициските хеликоптери фрлија повеќе од 80 тони вода врз пожарите во Јасен и Долно Дупени

by irena 22:04
22:04

Денеска двата полициски хеликоптера Агуста Бел 212 и Бел 412 од Одделот за воздухопловни единици при МВР активно учествуваа во гаснењето на два пожара.

Во Национален парк „Јасен“ беа испуштени повеќе од 50 тони вода, додека во Долно Дупени беа испуштени повеќе од 30 тони вода, соопштуваат од МВР.

Оттаму велат дека со навремена и координирана интервенција, спречено е понатамошно ширење на пожарите кон куќите од селото.

,,Продолжуваат активностите на полициските хеликоптери и во наредните денови,  се до целосно гасење на пожарите на територијата на целата држава“, велат од МВР.

Слични вести