31 работник го загубил животот во 2025 година

by irena 10:10
10:10

По повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа – 28 април, Македонско здружение за заштита при работа денес го одбележува овој значаен датум со објава на Годишниот извештај за несреќи при работа и професионални заболувања за 2025 година.

Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, воспоставен од Меѓународната организација на трудот (ILO), има за цел да ја подигне свеста за значењето на превенцијата на повредите при работа и унапредувањето на безбедните и здрави работни услови.

Овој ден претставува потсетник дека секоја несреќа може и треба да биде спречена преку систематски пристап, едукација и одговорност од сите засегнати страни.

Според податоците презентирани во извештајот, во текот на 2025 година се евидентирани 132 несреќи при работа, од кои 31 со смртен исход.

Посебен осврт во извештајот е даден на трагични настани кои ја одбележаа годината, вклучително и пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани, кој дополнително ја нагласи важноста од доследно почитување на прописите за безбедност, управување со ризици и ефективен инспекциски надзор.

Слични вести