20 километри од автопатот Кичево-Охрид од денеска се пуштени во употреба

by irena 14:28
14:28

Проектот е дел од Коридорот 8, а го изведува кинеската компанија „Синохидро“.

Од денеска во употреба се пуштени 20 километри од автопатот Кичево – Охрид и тоа од селото Врбјани кон Охрид, со исклучок кај селото Ботун.

Премиерот Мицкоски во неговиот говор рече дека како влада успеале да го откочат најголемиот и најзаглавениот инфраструктурен проект во земјава по само една година и оти нема да застанат на овие дваесет километри, туку најави дека следната година автопатот ќе биде целосно завршен и ставен во функција.

„Проект кој со години стоше како симбол на застој, срамна слика за држава што такпа во место, а денес е симбол на новото време. Денеска само една година откако ја добивме довербата од народот покажуваме што значи вистинско работење со дела, а не со зборови. Секој метар од автопатот е изграден со напорна работа, но и со јасна волја за напредок и да се стави крај на неуспесите од минатото“, рече Мицкоски.

Министерот за транспорт, Александар Николовски рече оти е големо задоволство да се видат првите километри во реалност и дека со овој автопат ќе се патува побрзо и до Тетово и до Скопје, но и ќе се поврзе Македонија со Албанија и несомнено ќе се отворат големите туристички центри Охрид и Струга за сите посетители.

„Ветив дека за проблемите ќе зборувам кога ќе го завршиме целиот автопат на крај на следната година. Само сакам да кажам две работи, првата дека ова беше симбол за неспособноста на минатата Влада на СДСМ и ДУИ, ова беше заборавен напуштен проект на кој немаше работници, инженери, ниту машини, и ова е проект кој е симбол и доказ за посветеноста и работата на оваа Влада и тоа е клучната разлика помеѓу нас и нашите политички опоненти“, додаде Николовски.

 

Слични вести