10 лица во Скопје, Штип и Кавадарци уапсени поради дрога во текот на изминатото деноноќие

by irena 14:36
14:36

Во текот на изминатото деноноќие, лишени од слобода биле 10 лица во Скопје, Штип и Кавадарци затоа што кај нив при преглед била пронајдена дрога.

Од МВР споделија детали за настаните.

Од таму посочуваат дека изминатото деноноќие во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.С.(25), Х.А.(18), Ј.И.(29) и М.Л.(21), сите од Скопје, А.С.(32) од с.Трубарево, скопско, Б.Д.(47) од с.Инџиково, скопско, 17-годишник од скопско и С.А.(53) од кривопаланечко, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја и дробилка.

Ноќеска во 00:30 часот на ул.„Борис Кидрич“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.Н.(36) од Сопиште, скопско, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја.

Синоќа во 22:00 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа Б.С.(47) од Кавадарци, кој бил затекнат при користење на марихуана на јавно место.

„По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци“, посочија од МВР.

Слични вести