Барокот и реформите се фасада за авторитарната клептократија

by fokus

Моето познанство со Флоријан Бибер, директор на Институтот за југо-источно европски студии на универзитетот во Грац, има подолга и интересна историја.

Се запознавме некаде на почетокот на двеилјадитите преку заемниот интерес во нашите општествено-политички и културолошки истражувања, а нашиот критички однос кон злоупотребите и површното толкување на Охридскиот рамковен договор нѐ претвори во истомисленици и онлајн – епистоларни пријатели кои чекаат шанса да се сретнат.

Таа можност ни се пружи минатава пролет, за време на престојот на Флоријан како гостин професор на престижниот „Њујорк универзитет“ и дел од тие средби и долги разговори на теми што и обајцата нѐ интересираат и општествено нѐ вознемируваат решивме да ги забележиме.

Овој дијалог го водевме на 25 мај, на роденденот на Јосип Броз Тито и на Денот на младоста на државата што денешните фашисти на власт во малите бившо југословенски државички така безочно ја убија.

Дијалогот е воден во Бруклин и во тој момент воопшто не бевме свесни за ироничната коинциденција со датумот на кој разговаравме.

Разговарше
Наум ПАНОВСКИ, режисер

Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”