ЗОИ 2026: Ставре Јада е 89-ти на крос-кантри спринтот од 95 натпреварувачи

by irena 11:32
11:32

Првиот Македонец кој настапи на Зимските олимписки игри 2026, Ставре Јада имаше само симболичен настап.

Јада патеката долга 1,6 километри во претпладневните квалификации во спринт крос-кантри ја мина со време 3 минути, 59 секунди и 56 стотинки, или 52,19 секунди побавно време од најбрзиот натпреварувач.

Со постигнатото време јада го освои 89. место од вкупно 95 натпреварувачи и не избори пласман во финалето.

Во финалето се пласираа 30 натпреварувачи, а последниот кој ги помина квалификациите има време 3:18.73 минути.

Слични вести