ЗОИ 2026: Холандскиот ветеран Бергсма највозрасен олимписки првак во историјата

by irena 18:02
18:02

Холанѓанецот Јорит Бергсма (40) ја заврши кариерата на најдобар можен начин освојувајќи ја денеска титулата олимписки првак во брзо лизгање во дисциплината масовен старт на Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2026 во Милано.

Холандскиот ветеран на големо изненадување беше најбрз со време од 7:55,50 минути.

Изненадување приреди и данскиот аутсајдер Виктор Торуп, ја мина втор низ целта со време од 8:00,52 минути, додека третото место и бронзениот медал го освои Италијанецот Андреа Џованини (8:04,42).

Бранителот на титулата, Белгиецот Барт Свингс ја заврши трката на деветтото место.

Слични вести