Жител на скопско Огњанци предизвикал пожар на депонија

by vlatko 23:24
23:24

Шеесет и едногодишен жител на скопското село Огњанци доцна попладне бил затекнат како предизвикува пожар на старата депонија во селото. Станува збор за лице со иницијали А.Ф. кое, како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, запалило сува треба и ѓубриште.

„Денеска (11.07.2025) полициски службеници од СВР Скопје во 18.30 часот, кај старата депонија во с.Огњанци го затекнале А. Ф. (61) од с.Огњанци, како предизвикува пожар на сува трева и ѓубриште. Пожарот е изгаснат, а А.Ф. е лишен од слобода во полициска станица“, велат од МВР.

Слични вести