Жител на Росоман со 3,66 промили алкохол во крвта агресивно се однесувал кон полицајци

by irena 16:14
16:14

Секторот за внатрешни работи – Велес денеска соопшти дека со 3,66 промили алкохол во крвта, жител на Росоман агресивно се однесувал кон полицајци.

– Вчера во 15:40 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го приведоа Т.Н.(46) од Росоман, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници, кои извршувале службени дејствија. При преземање мерки во врска со настанот, кај него се измерени 3,66 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, известија од СВР – Велес.

Слични вести