Жител на Боговиње ја претепал својата снаа

by valentina 14:25
14:25

Од МВР информираа дека жител на Боговиње бил пријавен во полиција бидејќи физички ја нападнал својата снаа.

-На 15.08.2026 година во 16:30 часот полициски службеници од ПО Камењане го лишиле од слобода Ј.Н.(45) од с. Боговиње поради тоа што истиот ден во дворот од семејната куќа во с. Боговиње физички ја нападнал својата 34-годишна снаа, при што ѝ нанел телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.

Слични вести