Жена возела тригодишно дете на мотор во кочанско, паднале и завршиле во болница

by vlatko 18:13
18:13

Дваесет и осумгодишна жена од кочанското село Тркање е тешко повредена, а тригодишно дете се здобило со телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на патот меѓу Облешево и Кучичино.

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена вчера во 09:55 часот во ОВР Кочани.

А.Ј. (28), управувајќи мопед, изгубила контрола и паднала на коловозот. Со неа како сопатник се превезувало и тригодишно дете.

Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, додека кај детето биле констатирани телесни повреди.

Двајцата биле прегледани во Клиничката болница во Штип.

Слични вести