Жена пријавила дека татко ѝ и брат ѝ физички ја нападнале неа и сопругот

by irena 14:19
14:19

Жена од велешко село пријавила во полиција дека таа и нејзиниот сопруг биле физички нападнати во нивниот дом од нејзиниот татко и брат.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 45-годишната жена на 9 август во 11:10 часот пријавила дека В.Џ. и А.Џ. физички ги нападнале неа и нејзиниот сопруг, при што употребиле и дрвен предмет.

Полицијата го пронашла и го одзела предметот, а во тек се мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Слични вести