Жељко Самарџиќ, Де Вито, „Нокаут“ и Џејла Рамовиќ – дел од забавата на „Тиквешки гроздобер 2026“

by irena 13:57
13:57

Викендов во Кавадарци ќе се одржи една од најголемите манифестации во земјава – „Тиквешки гроздобер 2026“.

Фестивалот и оваа година ќе понуди богата тридневна програма со музика, традиција, вино и забава за сите генерации.

Фестивалската програма започнува денеска. Публиката ќе се забавува со македонскиот состав „Зи Бомб“, со трап-сензацијата Де Вито и DJ Галовски.

Утре на сцената ќе се појават популарните македонски бендови „Дупер“ и „Нокаут“, додека главна ѕвезда на вечерта ќе биде легендарниот Жељко Самарџиќ.

Во недела, на големото фестивалско финале ќе настапат младата музичка ѕвезда Џејла Рамовиќ и пејачот Пеџа Јовановиќ.

Покрај концертите, програмата предвидува и бројни дневни активности посветени на лозаро-винарската традиција на Тиквешијата.

На Градскиот плоштад ќе има поставени брендирани штандови и шатори за промоција и дегустација на познатите тиквешки вина, ракија, маџун и традиционални специјалитети.

Во рамки на фестивалот ќе се реализираат и повеќе спортски и забавни настани.

„Тиквешки гроздобер 2026“ има амбиција повторно да привлече илјадници гости од земјава и регионот и уште еднаш да го потврди статусот на Кавадарци како македонска винска престолнина.

 

Слични вести